Процесирање информации во биолошки системи

1.Наслов на наставниот предметПроцесирање информации во биолошки системи
Information processing in biological systems
2.Кодm23_s_004
3.Студиска програма—
4.Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
5.Степен (прв, втор, трет циклус)Втор циклус
6.Академска година / семестар10 / Летен
7.Број на ЕКТС кредити6
8.Наставник
9.Предуслови за запишување на предметот—
10.Цели на предметната програма (компетенции)Живите системи се најкомплексните системи и како такви се постојан предмет на интерес како во медицинско - биолошките науки, така и во инженерските науки.Во потесна смисла, во овој предмет е даден опис на потсистемите и компонентите на живите системи и односите и комуникацијата меѓу нив.Се осврнуваме на моделирањето на живите системи, алатките за моделирање на системите и потсистемите, како и начините на меѓусебна комуникација на нано, микро и макро ниво. Предметот се осврнува и на формалното претставување на сигналите кои се карактеристични за живите организми. Аспекти на инженерска интервенција во живите системи се исто така дел од овој.
Компетенции: По успешното завршување на овој предмет, студентот ќе биде во состојба: да ја разбира био-молекуларната специфичност на живите организми, јасно да ги воочува влијанието на апстракцијата и моделирањето на живите системи инивните потсистеми, да биде оспособен за моделирање на процесирањето насигналите добиени од сите нивоа на живите системи, и да има разбирање за можноста на инженерска интервенција на сите нивоа на живите системи;
11.Содржина на предметната програмаГенетски систем и процесирање информации во генетскиот системи. Процесирање информации на клеточно ниво. Концепти за подорганизам и организам. Еволуција и тек на еволуциска информација. Развој. Инженерска интервенција на генетско и развојно ниво. Медицинска рехабилитација и интервенции. Процесирање на информации на ниво на популации.
12.Методи на учењеПредавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, пример случаи, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).
13.Вкупен расположив фонд на време6 ЕКТС x 30 часа = 180 часа
14.Распределба на расположивото време60 + 0 + 45 + 45 + 30 = 180 часа
15.Форми на наставните активности
15.1.Предавања - теоретска настава60 часови
15.2.Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа0 часови
16.Други форми на активности
16.1.Проектни задачи45 часови
16.2.Самостојни задачи45 часови
16.3.Домашно учење30 часови
17.Начин на оценување
17.1.Тестови0 бодови
17.2.Семинарска работа / проект ( презентација: писмена и усна)45 бодови
17.3.Активности и учење30 бодови
17.4.Завршен испит0 бодови
18.Критериуми за оценување (бодови/ оценка)
до 50 бода5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода10 (десет) (A)
19.Услов за потпис и полагање на завршен испитреализирани активности 15
20.Јазик на кој се изведува наставатамакедонски или англиски
21.Метод на следење на квалитетот на наставатамеханизам на интерна евалуација и анкети
22.Литература
22.1.Задолжителна литература
1. Arnon Cohen | Biomedical Signal Processing: Volume 2: Compression and Automatic Recognition | Taylor & Francis Limited | 2021
2. Stefan Bernhard, Andreas Brensing, Karl-Heinz Witte | Biosignal Processing: Fundamentals and Recent Applications with MATLAB ® | Walter de Gruyter GmbH & Co KG | 2022
3. Vincenzo Manca | Infobiotics: Information in Biotic Systems | Springer | 2015
4. Gennaro Auletta | Cognitive Biology : Dealing with Information from Bacteria to Minds | Oxford University Press | 2011
22.2.Дополнителна литература
Ред.бр. Автор Наслов Издавач Година