Потребни документи
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на двете електронски адреси:
- електронска адреса на Универзитетската школа за докторски студии: skola_za_ds@ukim.edu.mk
- електронска адреса на факултетот/институтот каде што припаѓа студиската програма: iii-finki@ukim.edu.mk
Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите ja наведуваат студиската програма за која поднесуваат документи. Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, ги поднесува следните документи во скенирана форма на двете електронски адреси:
- пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
- писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;
- кратка биографија;
- докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување,и тоа:
- уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии
- уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии
- диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии
- диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии
- сертификат/ уверение за познавање на светски јазик
- кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.С.Македонија.
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена (пријавувањето е во периодот од 19.09.2022 - 07.10.2022).