Потребни предмети
За кандидатите што полагале државна матура од учебната 2013/2014 до учебната 2018/2019 година
 
Соодветни екстерни и интерни предмети од матурата за кандидати кои конкурираат за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се:
 
Соодветни екстерни предмети
  • мајчин јазик (македонски јазик, албански јазик и турски јазик)
  • математика или странски јазик
  • еден од изборните екстерни предмети треба да биде математика 
Соодветни интерни предмети
  • без ограничување за интерни предмети
 
Во однос на изборот на интерните предмети, нема никаква разлика во висината на бодовите во однос на тоа кој предмет е избран.
 
Исто така би сакале да нагласиме дека темата обработена во проектната задача не игра улога при уписот, туку се внесува само оценката добиена по истата.
 
Упатството за пресметување на бодовите е даден во делот Пресметување на бодови
 
Кандидати со несоодветни предмети исто така може да конкурираат во сите уписни рокови 
 
Покрај кандидатите со соодветни предмети од матура, во сите уписни рокови на ФИНКИ ќе можат да се запишат и матурантите кои имаат несоодветни екстерни и интерни предмети. Матурантите кои ги немаат положено соодветните екстерни и интерни предмети ќе имаат различна формула за пресметка на поените од матурата и успехот од средно образование.
 
За кандидатите што полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013 година
 
Соодветни екстерни и интерни предмети од матурата за кандидати кои конкурираат за упис на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се:
 
Соодветни екстерни предмети
  • мајчин јазик (македонски јазик, албански јазик и турски јазик)
  • математика (најмалку основно ниво)* 
Соодветни интерни предмети за гимназии 
  • физика, информатика**, или странски јазик (барем еден, а може и два предмета)
  • еден предмет по избор на кандидатот (еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет) 
Соодветни интерни предмети за средни стручни училишта 
  • физика, информатика**, или странски јазик (барем еден, а може и два предмета)
  • еден стручен предмет, според образовниот профил, по избор на кандидатот (еден од горе споменатите предмети или некој друг сосема различен предмет) 
 
* Матурантите кои ќе полагаат напредно ниво математика, како екстерен предмет, ќе имаат еднаков третман во однос на освоените поени како и оние кои полагале основно ниво математика.
 
** Предметите кои содржински се соодветни на предметот информатика, како што се програмирање, дигитални системи, дигитална електроника и микропроцесори, информатика и информатичка технологија, итн., се сметаат за соодветни за упис на ФИНКИ, исто како и самиот предмет информатика.
 
Во однос на изборот на интерните предмети, нема никаква разлика во висината на бодовите во однос на тоа кои два предмети од понудените се избрани.