Почитувани,

Ни претставува огромна чест и задоволство да ве поканиме на прославата на седмиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Овогодинешната прослава ќе се одржи во Александар Палас на 30-ти март (петок) со почеток во 13:30 часот. На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2017-та година, како и ќе бидат доделени награди на најдобрите студенти. Дипломираните и магистрираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 12:30 часот поради административни и организациски обврски. По завршување на свеченоста ќе има коктел.

no1_3861_0.jpg

0