ДОКТОРСКИ СТУДИИ
Докторските студии на ФИНКИ се организирани од Школата за докторски студии на УКИМ. На web страната на УКИМ (линк) може да се најдат повеќе детали за организацијата на студиите, вклучувајќи ja структурата на студиските програми на трет циклус студии (линк), правилник за студирање (линк) и водич за студирање (линк).
Студиски програми од трет циклус на ФИНКИ:
- Информатика (Раководител вонр. проф. д-р Билјана Тојтовска Рибарски, e-mail biljana.tojtovska@finki.ukim.mk)
- Компјутерски науки и инженерство (Раководител проф. д-р Слободан Калајџиски, e-mail slobodan.kalajdziski@finki.ukim.mk)
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ
Запишувањето на студентите во третиот циклус на студии ќе се спроведува согласно одредбите од Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус на студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во согласност со Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање нa трет циклус на студии.
Конкурсот се објавува на страната на Школата на докторски студии (линк)
Рок за пријавување и запишување | Датум |
Пријавување на кандидатите | 10.9.2024 – 24.9.2024 |
Објавување прелиминарни листи | 30.9.2024 |
Одлучување по приговори | 4.10.2024 |
Објавување конечни листи | 7.10.2024 |
Запишување на кандидатите | 8.10.2024 – 15.10.2024 |
Забелешка: Почнувајќи од академската година 2024/25, на ФИНКИ ќе има само еден уписен рок за докторски стидии.
ДОКУМЕНТИ
- Решение за акредитација на студиската програма „Компјутерски науки и инженерство"
- Решение за акредитација на студиската програма „Инфоматика"
- Сите потребни документи за студирање на трет циклус студии може да се најдат на страната на Школата за докторски студии (линк).