Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе одлука студентите кои се запишуваат оваа академска 2011/2012 година, да не плаќаат за индекс и студентска легитимација.
 
„Во рамките на реализација на конкурсот за запишување на студенти во академската 2011/2012 година, Ве известуваме дека согласно со член 12 од Законот за изменување и дополлнување на Законот за високото обрзование (Сл. весник бр. 17/11.2 2011 година) примените кандидати при запишувањето добиваат бесплатни индекси и студентски легитимации“ - се вели во дописот до деканите на факултетите на УКИМ.