Согласно Законот за основање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ (Службен весник бр. 171/2010), се известуваат тековните студенти на студиските програми ИКИ и ИНФО на ФЕИТ и студентите на Институтот за информатика при ПМФ, дека е потребно да се изјаснат за тоа каде ќе го продолжат своето образование – на ФЕИТ, на ПМФ или на ФИНКИ.  
 
Вакво изјаснување ќе биде потребно да се направи и од страна на студентите од магистерски студии на ФЕИТ кои се на следните студиски програми: Компјутерски мрежи и е-технологии, Интелигентни информациони системи, Софтверско инженерство, Содржинско базирано пребарување, Биоинформатика, Дизајн на систем во чип, Екоинформатика.
 
Изјаснувањето каде ќе го продолжат своето образование студентите ќе го направат преку потпишување соодветна Изјава (во Прилог). Изјавата се потпишува во два идентични примерока - еден за ФЕИТ/ПМФ и еден за ФИНКИ.
 
За студентите од ФЕИТ: Во интерес на студентите, направен е заеднички договор помеѓу ФИНКИ и ФЕИТ, со што без разлика што ќе одлучат студентите, тоа нема да влијае на условите и квалитетот на нивното понатамошно студирање. Деталите од тој договор се дадени во рамките на официјалното соопштение. Изјаснувањето ќе се одвива во периодот од 01.09.2011 до 16.09.2011, во библиотеката, во термини од 11:00 до 13:00 часот. Поради ова, уписот на зимскиот семестар за студентите од студиските програми ИКИ и ИНФО ќе трае до 16.09.2011 година.
 
За студентите од ПМФ: Изјавата, потпишана во 2 идентични примероци, се предава на Студентската служба на ПМФ, со покажување на индекс на студентот. Изјавата освен што е поставена во прилог, достапна е и во Студентската служба на ПМФ. Изјаснувањето е веќе започнато и ќе трае до 01.09.2011 година. 
 
Прилог: