По барање на идните студенти, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организира подготвителна настава по математика. Наставата ќе се одржува на 05, 06, 07, 12 и 13 септември, а распоред ќе биде објавен дополнително, зависно од бројот на пријавени кандидати и бројот на паралелки кои ќе се формираат.
 
Подготвителната настава ќе содржи 20 часа и истата ќе чини 2.000 денари. Сумата треба да се уплати на сметката на Факултетот, според примерот даден подолу. Заинтересираните кандидати треба да се пријават на email адресата podgotvitelna@finki.ukim.mk, со наведување на име и презиме, број на пријава и студиска програма, и да ја приложат уплатница во Инфо центарот на ФИНКИ (на прв спрат на Технолошко-металуршкиот факултет, кај Снежана Ристовска) најдоцна до 01.09.2011 година до 14:00 часот.