Почитувани колеги,

Како Ваши професори сме ДОЛЖНИ да Ви укажеме на неколку работи поврзани со Вашата едукација, кои се во директна зависност од изборот што треба да го направите во претстојниот период.

Согласно донесениот Закон за основање на ФИНКИ, тековните студенти имаат избор каде ќе го продолжат своето студирање. Секогаш кога се прави избор, потребно е да се размисли и да се одбере опцијата која сметате дека ќе биде најдобра за Вашата иднина. Изборот кој ќе го направите сега ќе Ви ја определи припадноста на одредена организација и тој избор ќе ги определи Вашите релации со факултетот, професорите, како и околината која ја создава факултетот и професорите.
 
Прво да објасниме што избирате. Во овој случај не се работи за префрлање од факултет на факултет, не се работи за отпишување од еден и запишување на друг факултет, туку едноставно се работи за избор за тоа на кој факултет ќе ги ПРОДОЛЖИТЕ Вашите студии. ФИНКИ е креиран како факултет на кој ќе продолжат да се изведуваат студиските програми кои ИКТИ и ИИ ги негуваа до сега. Овој избор мора да го направат сите студенти: и студентите што ќе продолжат со студиите на ФЕИТ/ПМФ и студентите што ќе продолжат со студиите на ФИНКИ.
 
 
Детали за постапката на изјаснување за продолжување на студиите се веќе објавени на веб страната на Факултетот.