Запишувањето на зимскиот семестар за студентите на додипломските студии во учебната 2011/2012 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се врши во периодот од 13 до 23.09.2011 година, 10:00 до 14:00 часот, на следните локации:

 
    - За студентите на студиските програми пренесени од ФЕИТ, во лабораторијата SoCD;
    - За студентите на студиските програми пренесени од ПМФ, во просторијата 161, горна зграда на ПМФ;
 
    Потребни документи за запишување на зимски семестар
    • Индекс;
    • Уписен дупли лист со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС);
    • Образец за запишување на семестар со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС);
    • Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ШВ. 20);
    • Пријавен лист со предмети:
      • За студентите кои продолжуваат на насоките пренесени од ПМФ, види упатство “Пренесени од ПМФ
      • За студентите кои продолжуваат на насоките пренесени од ФЕИТ, види упатство “Пренесени од ФЕИТ
    • Уплатница во износ од 550,00 ден. на жиро-сметката на ФИНКИ, а се однесува за административно материјални трошоци и осигурување - пример на пополнета уплатница;
    • Уплатница во износ од 750,00 ден. за ИКСА на УКИМ, за ФИНКИ на жиро сметка: 100000000063095, сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра: 723012 41, банка на примачот: НБРМ - пример на пополнета уплатница;
    Сите студенти кои во јуни не го завериле летниот семестар се должни заверката да ја извршат при уписот на зимскиот семестар. Овие студенти покрај горенаведените документи треба да достават семестрален лист (образец за заверка на семестар) со 50,00 ден. административна такса и уплатница за извршена уплата од 500,00 ден. на жиро-сметката на ФИНКИ со назнака за задоцнета заверка на семестар.
     

    Упис на семестар на студенти кои се во последен семестар од студии по ЕКТС

    • Студентите кои имаат пријавено дипломски труд ако до 15 септември 2011 година истата ја одбранат немаат обврска за запишување на зимскиот семестар. 
    • Студентите кои пријавиле дипломски труд и истиот нема да го одбранат до 15.09.2011 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари на жиро сметка на ФИНКИ (осигурување и уверенија за редовсност) и уплатница од 1000,00 ден. за административни трошоци на жиро сметка на ФИНКИ.
    • Студентите кои немаат пријавено дипломски труд, а очекуваат да ги положат сите испити заклучно со августовската испитна сесија, должни се да го запишат зимскиот семесар (во рокот за запишување на зисмкиот семестар), како последен семестар на студии при што го пријавуваат дипломскиот труд за кој уплаќаат 8 кредити изразено во денарска противредност, уплата од 200,00 денари на жиро сметка на ФИНКИ за осигурување и уверенија за редовност и уплата од 1000,00 ден. за административни трошоци на жиро сметка на ФИНКИ.
     
    Запишување апсолвентски семестар (студенти по стара наставна програма) - Финансиски обврски
    • Студентите апсолвенти во државна квота покрај горенведените уплати треба да достават уплатница од 2.230,00 ден. на жиро-сметка на ФИНКИ.
      • 1.230,00 денари за упис на семестар и
      • 1.000,00 денари за повторувач.
    • Студентите апсолвенти во квота со кофинансирање покрај горенведените уплати треба да достават уплатница од 3.460,00 ден. на жиро-сметка на ФИНКИ.
      • 2.460,00 денари за упис на семестар и
      • 1.000,00 денари за повторувач.
    • Студентите апсолвенти кои пријавиле дипломски труд и истиот нема да го одбранат до 15.09.2011 година должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари на жиро сметка на Факултетот (осигурување и уверенија за редовност) и уплатница од 1000,00 ден. за административни трошоци на жиро сметка на ФИНКИ.
     
    Скопје, 12.09.2011 година, Деканат на ФИНКИ - Скопје.