Согласно одлуката на Владата на РМ за проширување на квотата на студиската програма Компјутерски науки и инженерство, објавена во Службен Весник бр. 120/2011, а во склад со изборот на студиските програми на студентите кои конкурираа на првиот уписен рок, направено е прерангирање на кандидатите.

Сите кандидати кои не се задоволни со новото рангирање, имаат можност до 15.09.2011 до 14:00 часот да поднесат барање за промена на насоката, на следниот образец. Барањето треба да се достави на шалтерот на ФИНКИ или да се прати потпишана и скенирана (или фотографирана) копија на contact@finki.ukim.mk со тема [Prerangiranje], а потоа во текот на следните денови да се донесе и оргиналот.

На 16.09.2011 ќе бидат истакнати конечните ранг листи по насоки, со проширените квоти.

Напомена: Ова се однесува само за кандидатите кои конкурирале во првиот уписен рок.

За кандидатите од вториот уписен рок, постапката ќе започне на 16.09., со објавување на бројот на слободни места по завршувањето на постапката на прерангирање од првиот уписен рок. Сите кандидати кои не се задоволни со новото рангирање, имаат можност до 19.09.2011 до 14:00 часот да поднесат барање за промена на насоката, на следниот образец. Барањето треба да се достави на шалтерот на ФИНКИ или да се прати потпишана и скенирана (или фотографирана) копија на contact@finki.ukim.mk со тема [Prerangiranje], а потоа во текот на следните денови да се донесе и оргиналот. На 20.09.2011 ќе бидат истакнати конечните ранг листи по насоки, со проширените квоти на кандидатите од втор уписен рок. 

Кандидатите кои со новото рангирање преминуваат од приватна во државна квота, а веќе ја уплатиле првата рата од 200ЕУР, ќе се смета дека имаат платено цела школарина за учебната 2011/2012 и нема да плаќаат втора рата. Кандидатите кои преминуваат од државна во приватна квота, и платиле прва рата, ќе треба да ја доплатат разликата во правата рата (до 200ЕУР) и да потпишат договори за кофинансирање и изјава за согласност дека ќе ги сносат трошоците.

Напомена: кандидатите од втор уписен рок треба да се запишат според условите на Конкурсот на 13 и 14.09.2011. Прерангирање ќе се врши само на оние кандидати кои ќе го регулираат својот упис во овие денови.