Министерството за труд и социјална политика, во врска со донесената Одлука на Владата на Република Македонија, соопштува дека 23.11.2011 година (среда), поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото”, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.

Истовремено, Министерството соопштува дека овој ден ќе се одработи на 26.11.2011 година (сабота).