Почитувани колеги, ве известуваме дека предметот „Управување со ИКТ проекти“ ќе може да го одберат студенти од сите студиски програми. Предметот ќе го предаваат вон. проф. д-р Димитар Трајанов, доц. д-р Анастас Мишев, доц. д-р Љупчо Антовски и предавач од стопанството. Наставата по предметот ќе се одвива на ТМФ.
 
Предметот носи 6 ЕКТС кредити. Предметот во моментот нема шифра, па тоа поле може да го оставите празно при пополнување на листата на предмети кои ги запишувате во зимскиот семестар.
 
Распоредот за предметот ќе биде објавен во текот на оваа недела.