Пријавувањето на испити на ФИНКИ за јануарскиот испитен рок во учебната 2011/2012 година, ќе се одвива во периодот од 23 - 30.12.2011 година. Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале.
Електронското пријавување на испитите за студентите од прва година се одвива преку следната адреса: http://www.iknow.ukim.edu.mk. Постапката за пријавување е опишана на овој линк. Проблемите и недостатоците при пријавувањето можете да ги пријавите на iknow@finki.ukim.mk.
Електронското пријавување на испитите за студентите од повисоките години ќе се одвива преку оваа адреса: http://dossier.students.finki.ukim.mk/. Постапката за пријавување е опишана на следниот линк. Проблемите и недостатоците при пријавувањето можете да ги пријавите на http://help.students.finki.ukim.mk/.
По електронското пријавување, секој студент е должен да достави и хартиена пријава. Хартиената пријава се купува во околните книжари, скриптари и други продажни места за студентски документи. Истата треба да има потврда за платена административна такса од 50МКД (електронски, при што се запишува трансакцискиот број добиен со СМС порака или прикачена уплатница за уплатена административна такса) (шифрарник на општини). Исто така, на секоја пријава ЗАДОЛЖИТЕЛНО се запишува во ГОРНИОТ ДЕСЕН АГОЛ бројот на пријавата добиен од електронскиот систем за пријавување за соодветниот предмет.
Хартиените пријави се оставаат во за тоа наменетите кутии поставени пред службата за студентски прашања на ТМФ, пред лабораторијата SoCD во анексот на ФЕИТ и пред просторијата 161 во горната зграда на ПМФ, почнувајќи од 26.12.2011.
Студентите кои нема да достават хартиена пријава или нема да го пријават испитот по електронски пат, истото ќе можат да го направат со задоцнување, со плаќање на соодветна казна, пропишана со ценовникот на ФИНКИ.
23.12.2011, Деканат на ФИНКИ.