Почитувани студенти, ве известуваме дека конкурсот за ЕРАСМУС LLL стипендиите е продолжен до 25.03.2012 година. Студентите кои планираат да аплицираат, треба комплетните документи да ги достават најдоцна до 25.03.2012 година во архивата на Факултетот.
 
Посебна напомена: Договорот за учење треба да биде потпишан од Ерасмус координаторот на факултетот. Со тоа ви се гарантира дека предметите што сте ги одбрале ќе ви се признаат како положени на матичниот факултет.
 
За да се забрза постапката за потпишување на договорот за учење, сите студенти заинтересирани за пријавување треба да пратат на проф. д-р Сузана Лошковска (suzana.loshkovska@finki.ukim.mk):
  • learning agreement (со предметите што ќе ги изберете),
  • информација за положени испити на матичниот факултет (што досега сте положиле, но и предмети што евентуално може да ги положите до септември, предмети што сте ги слушале во зимскиот семестар и предмети што тековно ги слушате).
  • во посебна датотека ќе ја испратите содржината на предметите (тие што се напишани во learning agreement документот) што планирате да ги слушате на факултетот за кој конкурирате.
 
Документите можете да ги превземете на официјалната страница на Erasmus програмата за мобилност во рамките на УКИМ.
 

Прилог: Официјално соопштение за Конкурсот.