Запишувањето на новите студенти во прв семестар на студиите од трет циклус – докторски студии на ФИНКИ според Дополнителниот конкурс на УКИМ за учебната 2011/2012 година ќе се одвива во периодот од 09 до 13 април 2012 година.
 
Потребни документи
 

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • Индекс (ќе го добиете од Службата за студентски прашања на ФИНКИ)
  • Две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3)
  • Потврда за уплатена школарина за првиот семестар на докторските студии (школарината се плаќа на 6 еднакви рати на почетоткот на секој семестар, во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на денот на уплаќањето)
    • При уплаќањето на првата рата, кандидатите треба да уплатат:
      • 250 евра во денарска противвредност уплаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на сметка: 160 010 3689 788 18
      • остатокот од износот (1/6 од вкупниот износ кој го пишува во договорот) го уплаќаат на жиро-сметка на ФИНКИ. (Напомена: наведете 723012 како приходна шифра)
  • Уписен дупли лист со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС)
  • Образец за запишување на семестар (УКИМ) со 50,00 ден. административна такса (се плаќа на уплатница (шифрарник на општини) или преку СМС
  • Пополнет статистички лист (може да го подигнете од Службата за студентски прашања на ФИНКИ)

При запишувањето на првиот семестар студентите освен за предметите за генерички знаења за кои претходно се веќе имаат изјаснето, треба да одберат и предмети од областа на студирање според студиската програма на која се запишале така што ќе имаат вкупно 30 кредити во семестар. Листите на предмети на студиските програми може да се најдат тука. За помош при изборот контактирајте ги менторите и раководителите на студиските програми.

Скопје, 05.04.2012 година, oд Деканатот на ФИНКИ - Скопје