Објавена е листа на примени кандидати од уписот на постдипломски студии на ФИНКИ за учебната 2012/2013 година. Повеќе детали можете да најдете во текстот што следува или во официјалното соопштение[PDF].
 
Листата на примени кандидати можете да ја најдете на овој линк.
 
Уписот на новите студенти согласно објавените решенија за прием на II циклус на студии – магистерски студии во учебната 2012/2013 ќе се врши од 07-15 ноември 2012 година од 09:00 до 11:00 и 15:00 до 16:00 часот во службата за студентски прашања на ФИНКИ.
 
Уплатата се врши во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ. Административната такса може да ја уплатите со уплатница или преку СМС порака на бројот 144 166 со префикс на мобилен оператор со содржина ТМ на денот на уплатата.