Се известуваат студентите од прва година (запишани 2012 година) дека доколку имаат потреба од копирање на некои од документите кои ги предале при запишување на ФИНКИ (за конкурирање за ваучери или која било друга причина), треба да се пријават во службата за студентски прашања најдоцна до понеделник, 26.11.2012 година, до крајот на работното време. Документите, со потпишување на реверс, ќе можат да ги подигнат во вторник, 27.11.2012 година во 11:00 часот. Истите ќе имаат овбрска да ги вратат во службата најдоцна до среда, 28.11.2012 година. Доколку некој подигне документи, а не ги врати во предвидениот рок, нема да има право да биде запишан во матичната книга на запишани студенти.