Од 01.12.2012 официјално започна вториот повик за мобилност преку Еуровеб Еразмус проектот во кој учествува и Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Еуровеб е Еразмус Мундус програма за школарини за студенти и вработени посебно од областа компјутерски науки и инженерство кои можат на определено време да посетат универзитети лоцирани кај ЕУ партнерите на проектот.

Сите заинтересирани ги молиме да го посетат сајтот http://www.mrtc.mdh.se/euroweb/index.php на кој се наоѓаат информации за условите за аплицирање и можностите за мобилност, како и линкот за аплицирање. Рокот за аплицирање е 15.02.2013. За повеќе информации околу слободните места и можностите пратете порака на sonja.filiposka@finki.ukim.mk.