Во конекст на кампањата Сурфај безбедно со цел подигнување на свеста за умно, одговорно и безбедно користење на Интернет, но и запознавање одблиску со заканите и начините за превенција и детекција, ФИНКИ во соработка со CyberSecurity.mk и МВР организира едночасовна практична обука на тема „I can hack your FB, can You catch me“, чија цел е запознавање на можностите и начините за хакирање на социјални мрежи, исто така на кој начин може да се пронајде и открие провалник и како да се заштитите во иднина. Обуката ќе се одржи на 10 мај со почеток во 13.30 часот и ќе се одржи во Амфитеатарот на ТМФ. Обуката е бесплатна и отворена за сите заинтересирани. Предавачи на оваа обука се Предраг Тасевски, основач на CyberSecurity.mk, и Катерина Јовановска, раководител на отсекот за информатичко-криминалистички испитувања во делот за криминалистичка техника при МВР.