Се известуваат студентите на ФИНКИ дека компанијата „DDNT Consultants Pty Ltd“ организира проект под наслов 'Data Visualization'. Се работи за интерактивен репортинг систем. Се покануваат сите студенти што успешно го совладале предметот Бази на податоци (се препорачува да имаат оценка 8 или повеќе, но не е задолжително) и имаат афинитет кон оваа област. Проектот формално ќе биде реализиран во склоп на предметот Тимска работа, кај доц.д-р Горан Велинов. Бројот на учесници во тимот е ограничен на пет студенти. Истите ќе добијат мотивирачки паричен надомест.

Рокот на пријавување е петок, 04.10.2013 до 14 часот
Термин за интервјуа, сабота 05.10.2013 од 10 до 14 часот.

Пријавувањето се врши кај доц. д-р Горан Велинов.