Во рамките на предавањата по предметот Програмски практикум, во среда, 09.10.2013 година, во просторија 223 ќе гостува Божидар Спировски, раководител на Службата за одржување и управување со ИТ инфраструктура во НЛБ Тутунска банка. Темата на предавањето е „Имплементација на софтвер за големи компании - поглед на реалноста“. Во прилог следи кратка биографија на г-дин Спировски.

Спировски Божидар е раководител на Службата за одржување и управување со ИТ инфраструктура во НЛБ Тутунска банка. Дипломиран на ЕТФ, Божидар Спировски работи во повеќе информатички и телекомуниациски области од 1999, а дополнително работи и на областа на информативна сигурност од 2003. Со неговото знаење и искуство дава придонес во работењето во Телекомуникациската и финансиската индустрија во Македонија на оперативно и тактичко ниво во областа на ИТ операции и информативна сигурност. Во текот на својата работа се има стекнато и со меѓународно признати сертификати од областа на управување со ИТ и информативна сигурност - ITIL v3 и CISSP.

Божидар Спировски е редовен предавач на регионални конференции во областите на информативна сигурност и управување со информатички технологии. Исто така, објавува текстови на темите на информативна сигурност и управување со ИТ во публикации како CTO Forum и редовно дискутира за ИТ и сигурносни теми на своите блогови (http://www.shortinfosec.net и http://www.clearmorning.net)