Комисијата за спорт при Студентскиот Парламент на ФИНКИ ги известува сите студенти дека започнуваат пријавувањата за следните спортски активности кои ќе се одржуваат во рамките на Факултетот:

- машки спортски активности: футсал, кошарка, ракомет, одбојка и пинг-понг
- женски спортски активности: кошарка, ракомет, одбојка и пинг-понг

Сите заинтересирани потребно е да испратат е-маил на sports@sp.finki.ukim.mk со наслов (subject) името на спортот за кој сакаат да се пријават и краток опис на спортското искуство.

Пријавувањето трае до 01.12.2013.