Сите студенти заинтересирани за работа во индустријата за видео игри, сакаат игри и сакаат да ги развиваат истите самостојно или во некоја од компаниите за развој на видео игри, ве известуваме дека на ФИНКИ, на 28 ноември 2013, во 17 часот, ќе се одржи предавањето на тема 'Game Development Today' кое ќе обработи прашања од темата на развој на игри во оваа индустрија денес, предизвиците, новите технологии и можностите во неа.

Предавањето ќе го одржи Иво Нешковиќ, софтверски инженер од Нордеус, кој ќе ги демонстрира фазите на развој на една игра од идеја до прототип кој може да се игра. Во текот на предавањето ќе можете да поставувате прашања и да се отвори дискусија за секакви теми од оваа индустрија. На предавањето ќе присуствува и Марјан Петковски, генералниот менаџер на Нордеус Скопје, кој накратко ќе зборува за самата компанија и условите за работа во Скопје, а ќе биде присутна и Милена Дулановиќ, HR менаџер во Нордеус која ќе одговара на прашања во врска со развојот на кариерата, условите за вработување и слично.

Предавањето ќе се одржи во рамки на часовите по предметот Програмирање на видео игри и специјални ефекти во училница 223 на ФЕИТ.