Во рамките на предавањата по предметот Програмски практикум, во среда, 18.12.2013 година во 12:00 часот, во просторија 223 ќе гостува м-р Ана Кацарска, Продуктен менаџер во ИТгма, компанија за развој на софтвер и софтверски услуги. Темата на предавањето е „Од идеја до производ - Како да креираме исклучителни производи“. Во прилог следи кратка биографија на г-ѓа Кацарска.
 
Ана Кацарска е дипломиран инженер по електротехника, насока Компјутерски науки, на ЕТФ, Скопје и магистер на Универзитетот Лунд, Шведска. По завршување на магистерските студии се вработува во компанијата Сивус каде што во почетокот работи како Продуктен аналитичар, а потоа и како Продуктен менаџер на веб базиран софтверски производ за управување со проекти. Моментално работи во компанијата ИТгма и води производ за Управување со клиенти (Customer Relationship Management Solution). Ана има повеќе од 8 години искуство во софтверската индустрија и дополнително е предавач во Семос Едукација.