Во рамките на предавањата по предметот Веб дизајн, во четврток, 19.12.2013 година во 08:00 часот, во просторија 223 ќе гостува Дејан Аневски, Enterprise Architect во ИТгма, компанија за развој на софтвер и софтверски услуги. Насловот на предавањето е „Помалку, но подобро“ со осврт на 10те принципи за убав дизајн од Диетер Рамс. Во прилог следи кратка биографија на г-дин Аневски.
 

Аневски Дејан е вработен во софтверската компанија ИТгма кој во моментот ја извршува улогата на Enterprise Architect. За време на додипломскитестудии на ПМФ на институтот за информатика, насока системско инженерство решил своето образование да го надополни со практично искуство во Национална Платежна Картичка (сегашно CaSys International) за подоцна да премине во компанијата Innovaworks каде се стекнува со практично знаење кое подоцна во својата кариера ќе го користи и надградува во компанијата Seavus. Откако го совладува системското и апликативното развивање на апликации, знаењето го проширува во архитектурата на решенија, бизнис процесите и менаџирањето на продукти, при што паралелно своето формално образование го проширува на Економскиот факултет, насока е-Бизнис Менаџмент.

Во своето 9 годишно искуство учествувал и водел серија успешни проекти кои сеуште се користат во светските компании во телекомуникациската и мобилната индустрија. Тој е еден од основачите на микросовата корисничка .NET група MK.NET и предавач на региналините конференции.