Почитувани студенти,
Оваа година за прв пат МОН ја промени процедурата за доставување на УППИ образци за стипендии. Со новата процедура, овие образци треба да бидат заверени од страна на Факултетот, иако досега тоа не беше пракса. Ова направи одредени забуни и кај Факултетите, а особено кај студентите. По укажувањето од страна на МОН, ФИНКИ почна да ги заверува образците. Сепак, на одреден број на студенти документите им биле примени од МОН, без заверен образец УППИ. За да им излезе во пресрет на своите студенти, а при тоа да не се губат дополнително време за чекање и достава на нови документи, ФИНКИ се обрати до МОН и предложи да бидат доставени нови УППИ образци за оние студенти кои предале документи пред да почнат да се заверуваат истите. МОН го прифати овој предлог на ФИНКИ, па во текот на следниот период службата за студентски прашања, според евиденцијата на издадени Уверенија за положени испити за аплицирање на стипендии во изминатите 2 недели, ќе изготви нови УППИ образци за овие студенти и истите дирекно ќе ги достави во МОН. МОН ја презема обврската овие образци да бидат ставени во соодветните апликации на студентите на местото на незаверените. ФИНКИ им се извинува на студентите за предизвиканите непријатности.
За да бидете сигурни дека вашиот УППИ образец ќе биде доставен во МОН, ве молиме пишете e-mail на studentski@finki.ukim.mk со тема [UPPI]. Ова се однесува само на студентите кои веќе поднесле документи, а УППИ образецот немал архивски број.