Врз основа на одлуката од Деканатската управа донесена на 10.02.2014 година за потреба од лица кои ќе помагаат во изведување на лабораториски вежби на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, Деканот на Факултетот распишува интерен оглас за избор на лица кои ќе помагаат во изведување на лабoраториски вежби од редот на истакнати студенти на Факултетот. 
 
Се повикуваат заинтересираните студенти за лица кои ќе помагаат во изведување на лабoраториски вежби од редот на истакнати студенти на Факултетот во зимскиот семестар да се пријават на огласот. Може да се пријават актуелни студенти кои имаат положено повеќе од 150 кредити или завршени студенти, сите со просек над 8,5. Во пријавата кандидатите треба да наведат куса биографија (CV) и список на положени предмети и оценки. 
 

Пријавите се поднесуваат електронски, на адреса snezana.ristovska@finki.ukim.mk со назнака [lab], најдоцна до петок (14.02.2014), година до 10:00 часот.

Факултетот го задржува правото да ги ангажира дел од пријавените лица согласно потребите за одржување на лабораториските вежби.