На 8 април 2014 година ФИНКИ ќе биде домаќин на д-р Алесандро Роза од Хиера Софтвер кој ќе ни ги претстави нивните тековни истражувачки активности во полето на компјутерска визија, препознавање на говор, афективни пресметки и анализа на големи податоци.

Хиера софтвер е фирма од Италија која работи на целосниот циклус на истражувања преку дизајнирање и развивање на сложени пристапи од препознавање на облици и машинско учење за практични деловни примени.

Поканети се сите заинтересирани студенти да присуствуваат на предавањето.

Презентацијата ќе се одржи на 8 април 2014 година, со почеток во 14:00 часот во просторијата Амфитеатарот на ТМФ.