Објавена е листа на пријавени кандидати за упис на ФИНКИ во првиот уписен рок за академската 2014/2015 година. Листата можете да ја најдете на порталот за идни студенти на ФИНКИ, во делот Документи, или на овој линк[PDF].
 
 По објавувањето на листата на пријавени кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 19.08.2014 од 10:00 часот, најдоцна до 20.08.2014 до 10:00 часот може да се достави приговор за технички пропусти.

Техничките пропусти се однесуваат на:

    • Печатна грешка на лични податоци
    • Печатна грешка на основен избор на студиска програма, избор со кофинансирање или редослед на студиски програми
    • Погрешно пресметани поени (заради соодветност на предмети, тип на матура и сл.)

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во просториите на ТМФ, приземје.

Студентската служба на ФИНКИ работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.