Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во прв уписен рок ќе се врши од 20.08.2014 од 12:00 часот до 21.08.2014 до 12:00 часот.

По објавувањето на прелиминарната ранг листа на кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 20.08.2014 од 12:00 часот, може да се достави приговор за технички пропусти.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образецот кој може да се подигне на шалтерот на службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Службата работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.