Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2014/2015 година. Истите можете да ги најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Втор уписен рок - Прелиминарни ранг листи.

По објавувањето на прелиминарната ранг листа на кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 04.09.2014 од 16:00 часот, може да се достави приговор за технички пропусти. Поднесување на приговори се врши до 05.09.2014 до 16:00 часот.

Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образецот кој може да се подигне на шалтерот на службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Службата работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.