Post date:
13/11/2014
Сите студенти од прва година на студии задолжително треба да направат систематски преглед. Прегледот (односно печатот во индексот со кој тој се потврдува) е услов за заверка на семестарот.
Систематските прегледи се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, на улица Митрополит Теодосиј Гологанов (Иво Лола Рибар) број 58. Прегледите се вршат во работни денови од 7:30 до 12:00 часот, во перидот од 09.12.2014 до 17.12.2014 година. За прегледот, студентите е потребно да носат со себе:
1. Индекс
2. Заверена здравствена легитимација и електронска здравствена картичка3. Копии ос страниците 2 до 5 од здравствената легитимација
Прегледот вклучува лабораториска анализа, општ медицински преглед и стоматолошки преглед.
Целосното соопштение можете да го најдете на овој линк[PDF].