Post date:
27/01/2015
Предавањето на хартиените документи за заверка на зимскиот семестар и упис на летниот семестар во учебната 2014/2015 ќе се изведува во периодот 29.01. до 05.02.2015 година според следната динамика:
- Студентите запишани 2011 и 2012 година, 29.01, 30.01 и 02.02 на шалтерот во службата за студентски прашања
- Студентите запишани заклучно со 2010 година (кои студиите ги продожија од ФЕИТ и ПМФ), 03.02, 04.02 и 05.02 на шалтерот во службата за студентски прашања
- Студентите запишани 2014 година, 29.01, 30.01 и 02.02 во просторијата 116
- Студентите запишани заклучно со 2013 година, 03.02, 04.02 и 05.02 во просторијата 116
Термините за предавање на документите се од 9:00 до 14:00 часот. Ги замолуваме студентите за навремено реализирање на овој процес и строго почитување на термините и работното време.
Останатите информации за заверката и уписот можете да ги најдете тука.