Пресметување на бодови

Основeн критериум за селекција на кандидатите за запишување на прв циклус студии е успехот постигнат во средното образование. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени.

 

а)   На студиските програми каде селекцијата се врши само според успехот од средното образование, кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа: општиот успех по сите предмети учествува со 60%, а успехот постигнат на државната матура учествува со 40%.

 

а.1.       На студиските програми на кои селекцијата ќе се врши само според успехот од средното образование, бодирањето се врши на следниов начин:

- Се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени.

 

а.2.        За кандидатите кои полагале државна матура во учебната 2014/2015 и во учебната 2013/2014 година бодирањето на успехот постигнат при полагањето на државната матура носи најмногу 40 поени и се врши на следниов начин:

             

За трите екстерни предмети:

- За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е соодветен за студиската програма на која конкурираат, кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за содветниот предмет поделен со 20.

- За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е несоодветен за студиската програма на која конкурираат, поените од тој предмет, добиени според горната методологија, се множат со фактор 0,5. 

По оваа основа можат да се добијат најмногу 30 поени за трите екстерни предмети.

 

За интерниот предмет:

                      - Оценката од интерниот предмет кој се полага на државната матура, а кој е соодветен за  студиската програма

                      на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 1,2.

                      - Оценката од интерниот предмет кој се полага на државната матура, а кој е несоодветен за  студиската

                     програма на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 0,8.

По оваа основа можат да се добијат најмногу 6 поени за соодветен, односно 4 поени за несоодветен интерен предмет.

 

За проектната задача:

Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

 

а. 3.       За кандидатите кои полагале државна матура заклучно со учебната 2012/2013 година бодирањето на успехот постигнат при полагањето на државната матура носи најмногу 40 поени и се врши на следниов начин:

 

За двата екстерни предмета:

 - За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е соодветен за студиската програма на која конкурираат, кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг на кандидатот за содветниот предмет поделен со 20.

 -  За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е несоодветен за студиската програма на која конкурираат, поените за тој предмет се множат со фактор 0,5. 

По оваа основа можат да се добијат најмногу 20 поени за двата екстерни предмета.

 

За двата интерни предмета:

                         - Оценките од секој од интерните предмети кои се полагаат на државната матура, а кои се соодветни за

                        студиската програма на која кандидатот конкурира, се множат со коефициент 1,6.

                         - Оценките од секој од интерните предмети кои се полагаат на државната матура, а кои се несоодветни за 

                        студиската програма на која кандидатот конкурира се множат со коефициент 1.

Вака добиените производи се собираат.

По оваа основа можат да се добијат најмногу 16 поени за два соодветни, 13 поени за еден соодветен и еден несоодветен и 10 поени за два несоодветни предмета.

 

За проектната задача:

Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.

 

а. 4.       За кандидатите кои средното образование го завршиле пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, освен пресметувањето на бодовите од точка 5.а.1, се пресметуваат и најмногу 40 поени од предметите кои се значајни за студиската програма, и тоа: збирот од оценките од секој од двата предмета значајни за студиската програма (Прилог 3) се дели со бројот на оценките (независно во колку години предметот се слушал во средното образование) и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата предмета.