Во периодот од 14-ти до 20-ти март се одржува европската кампања за дигитална инклузија Get Online Week 2016. Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за можностите кои ги нуди дигиталната инклузија и да ги поттикне граѓаните да ги подобрат нивните дигитални вештини.
 
Кампањата е во организација на Телецентар Европа, меѓународна непрофитна асоцијација на организации кои се активни на полето на дигитална инклузија. Организацијата Open the windows е единствениот поддржувач од Македонија која ја одбележува кампањата.
 
Сите студенти кои сакаат да дадат поддршка на оваа кампања, може да го сторат тоа преку пополнување на анкетата на следниот линк
 
Анкетата ќе ги регистрира пополнувањата во периодот од 14-ти до 20-ти март