Компанијата Ассеко СЕЕ организира платена пракса за студенти од завршните години на академските студии од насоката софтверско инженерство. Станува збор за програма за обука на млади софтверски инженери – Young Software Engineers Program, за студентите од факултетите од областа на информатичките науки и технологии.

 

Практикантската програма ќе се состои од два дела, при што првиот дел е вовед во банкарски софтвер преку презентации и пренесување на стручно знаење, додека вториот дел ќе биде директно учество на студентите во работилници за изработка на банкарски софтвер преку инструкции од страна на стручни лица од Ассеко СЕЕ.

 

Обуката ќе трае два и пол месеци, во периодот од 15.04.2016 до 30.06.2016. 

 

Повеќе детали за огласот може да погледнете тука.