д-р Александар Стојменски дипломирал на Факултетот за компјутерски науки и инженерство – Скопје со оценка 9.74 во 2015 година. Потоа магистерскиот труд го завршил на истиот факултет во 2016 година. Докторскиот труд го завршил во 2024 година под наслов "Методологии за дијагностичка препорака и анализа на големи медицински податоци". На факултетот работи од 2013 година, првично како систем администратор и демонстратор, подоцна како асистент, а од 2024 година како доцент на истиот факултет. За време на студиите, секоја година беше наградуван како еден од најдобрите студенти на факултетот покажувајќи извонреден успех. Учествувал на неколку меѓународни конференции и работилници, публикувајќи преку 25 трудови, вклучувајќи ги MDPI, RSNA, AHA, IEEE Xplore, HINDAWI, ICT Innovations, International Journal of Informatics and Communication Technology, MONAMI, конференцијата TELFOR и неколку домашни конференции како што се CIIT и ETAI. Истражувачкиот интерес на Александар вклучува мобилни системи, интелигентни системи, машинско учење, предвидувања, визуелизација на податоци и модерни компјутерски технологии во медицината.
Неговата претходна работа се заснова на користење на различни технологии за 3D печатење во помош на медицината и визуелизација на слики со МРИ и КТ со класификација на повредата што може да се види на овие податоци. Има искуство во многу области во индустријата кои вклучуваат развој и одржување на софтвер и има развиено различни веб и мобилни апликации.
Рецензија - ЛИНК.
Одлука за избор - ЛИНК