Главната цел на проектот Еразмус+ „Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење” е поместување на јазот помеѓу квалитативниот аутпут на формалното образование и потребите на индустријата во регионот, преку иновативен пристап во процесот на учење и спроведување на пракса, како и обезбедување на доволно податоци за донесување на информирани одлуки при креирањето на образовни политики.
Проектот „Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење” е поделен во три фази. Во првата фаза од реализација на проектот, партнерите во проектот (М6 Едукативниот Центар – Скопје, Економскиот Факултет при Универзитетот во Љубљана, Италијанската Асоцијација за Човечки Ресурси, Идеа ОК и Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси ќе извршат анализа на квалитетот на кадар коj им е потребен на компаниите во Македонија т.е ќе ја истражат побарувачката на кадар на квалитативно ниво. Исто така, партнерите ќе извршат и квалитативно истражување за понудата на пазарот на трудот фокусирајки се на квалитетот на кадар коj произлегува од стручното високо обрзование. Анализите треба да покажат дали потребите на пазарот на труд можат да се задоволат исклучиво со завршувањето на студиите или потребна е доквалификација на кадарот коj им е потребен на компаниите.
Во следната фаза на проектот, ќе се изберат 30 учесници:
· Студенти во финална година на студии при земјоделскиот, машинскиот, економскиот, технолошко-металуршкиот, градежниот факултет и факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на УКИМ
· Нововработени во некои од најголемите компании во Македонија (вработени не повеќе од 1 година во компаниите и не постари од 35 години)
Понатаму, штом се избере групата на учесници, ќе се направат курикулуми за доквалификација на учесниците и тоа во две насоки: Во насока на самовработување преку обуки за започнување на сопствен бизнис, и во насока на вработување во компании преку обуки за доквалификација според потребите на индустријата во земјава.
Истите ќе бидат реализирани од страна на професори како и искусни менаџери кои се дел од партнерските организации. Овој иновативен образовен пристап ќе им овозможи на учесниците академска и практична доквалификација со цел оптимално реализирање на нивниот потенцијал при нивно (само)вработување. Во оваа фаза се предвидени вкупно 25 обуки во траење од вкупно 150 дена, и тоа: 5 базични обуки за сите учесници и по 10 обуки за секој од двата смера (самовработување и вработување).
Модулите ќе се реализираат преку настава во училница како и преку користење на ИКТ алатки/ платформа која ќе се изгради за потребите на проектот.
Преку користењето на ИКТ платформата учесниците ќе можат да работат на заеднички проекти под надзор на македонски, словечки и италијански професори и практичари.
Во третата фаза на проектот, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со работата и да стекнат искуство во неколку од водечките компании во Македонија, членови на Одборот на Старатели на М6 Едукативниот Центар.
Правила за учество за студенти во завршна година
Потребни квалификации:
- Завршна година на студии со просек над 8,00 од следните факултети:
- Градежен факултет
- Технолошко металуршки факултет
- Машински факултет (240 ЕКТС)
- Земјоделски факултет (смер – агроекономија)
- Економски факултет (смер – маркетинг, ПР, финансии и сметководство)
- Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
- Напредно познавање на Англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
Способности и потребни професионални вештини:
- Позитивен став
- Енергичност
- Креативност
- Упорност
- Флексибилност
Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од проектот Еразмус+ Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на англиски јазик во електронска форма да ни ја доставите на contact@m6.edu.mk со назнака ПРОЕКТ Еразмус+ Факултет (на кој студирате), најдоцна до 25 мај 2016. Само кандидатите со комплетни документи кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
Трошокот за учество на обуките (предавања и работни материјали) се покриени од страна на проектот Еразмус+ „Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење” , финансиран од Европската Унија.