Во рамки на Дирекцијата за заштита на личните податоци се спроведува проектот „Континуирана поддршка за унапредување на системот за заштита на личните податоци“ финансиран од страна на Кралството Норвешка. Во дел од проектните активности се усвојува практика воспотавена во норвешкиот орган за заштита на личните податоци, што значи преку посебна веб страница се објавуваат совети како секој засегнат самостојно и брзо да може да постапи во случај кога се соочува со нарушување на приватноста или несоодветна употреба на неговите лични податоци на социјалните мрежи.

За таа цел, ДЗЛП организира практиканство за двајца (2) студенти од ФИНКИ. Практикантите би биле ангажирани (секој по еден месец)  во  јули  2016  и во август 2016 година. Нивните задачи би биле во насока на популаризација и афирмација на веб страната www.deleteme.mk

Со оглед на фактот дека ова активност е наменета првенствено за младата популација којашто е најчест корисник на интернет, праксата ќе биде корисна за да им биде укажано на ризиците од потенцијални злоупотреби на приватноста и личните податоци на интернет, како и за начините за т.н. самопомош во таквите случаеви.

Сите заинтересирани кандидати нека се пријаваат најдоцна до 29.06.2016 год. на следниот маил norveskiproekt@privacy.mk. Праксата ќе отпочне со реализација од 1.7. 2016 год.

1