Плати Брзо дооел има потреба од практикант/и во насока на професионално усовршување на студентите (апсолвенти, дипломирани) од техничките факултети. 

 

Практикантот  треба да  има познавање на PHP, дополнително добро е да поседува знаење за XML, HTML, JavaScript и одредно искуство со web development. Бараме кандидат со солидно познавање на англискиот јазик, развиено чувство за одговорност и способност за усовршување на стекнатото знаење. Кандидатите треба да имаат и солидно познавање на Excel и др. компјутерски вештини. Сите заинтересирани кандидати потребно да го испрата своето CV со фотографија на англиски јазик на следната е-маил адреса: info@paynet.mk

 

Имено, оваа компанија која работи под брендот PayNet (или Плти Брзо Дооел) започна со имплементација на нов систем за брза наплата преку мрежа од платежни терминали-киосци за самопослужување, наменети за граѓанскиот сектор кои ќе бидат распространети на цела територија на Република Македонија, кои прифаќаат првенствено готовина и преку истите се процесираат уплати за даноци, такси и давачки, услуги за мобилна телефонија, комунални услуги, интернет, кабловска телевизија, осигурителни услуги и сл. Овие платежни терминали се позиционирани како One Stop Solution, едно решение за сите потреби за плаќање.

1