Од оваа година ФИНКИ обезбедува стипендии за ослободување од школарината до 30% за запишување на втор циклус на студии за студентите кои дипломирале на ФИНКИ. Стипендиите се организирани во следните категории:

  •  10%  стипендирање на школарина за студенти кои дипломирале со просечен успех поголем од 7.0
  •  15%  стипендирање на школарина за студенти кои дипломирале со просечен успех поголем од 8.0
  •  20%  стипендирање на школарина за студенти кои дипломирале со просечен успех поголем од 9.0
  •  30%  стипендирање на школарина за студенти кои дипломирале со просечен успех поголем од 9.5.

Квотите за упис на нови студенти на втор циклус, роковите, студиските програми и условите за запишување може да ги видите во соопштението за упис на нови студенти на втор циклус на студии објавен во делот Огласна табла на сајтот или на следниот линк.

0