Објавени се прелиминарни ранг листи за вториот уписен рок за академската 2016/2017 година. Истите можете да ги најдете на Порталот за идни студенти на ФИНКИ во делот Документи - Втор уписен рок - Прелиминарни ранг листи.
 
Поднесувањето на приговор за прелиминарната ранг листа на пријавени кандидати во втор уписен рок ќе се врши од 07.09.2016 од 15:00 часот до 09.09.2016 до 12:00 часот.
 
По објавувањето на прелиминарната ранг листа на кандидати за запишување во прва година, почнувајќи од 07.09.2016 од 15:00 часот, може да се достави приговор за технички пропусти до Управата на Факултетот.
 
Приговорите се доставуваат во 2 печатени и потпишани примероци на образец во службата за студентски прашања на ФИНКИ во зградата на ТМФ.
 
Службата работи секој работен ден од 08:00–16:00 часот.