На барање на студентите рокот за пријавување на испитите на ФИНКИ за додипломски студии за јануарскиот испитен рок 2016/2017 е продолжен до среда, 11.01.2017 година. Во овој рок студентите исто така ќе треба да ги ажурираат таксените марки во iknow системот, бидејќи за време на колоквиумите системот за плаќање на таксени марки преку СМС пораки функционираше со прекини.