Post date:
11/09/2017
Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во вториот уписен рок ќе се изврши на 13.09.2017 и 14.09.2017 од 09:00 - 14:30 часот во просториите на ФИНКИ. Потребната документација за запишување може да ја најдете тука. Деталната листа со потребни документи и други важни информации се наоѓа овде.
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на третиот уписен рок, од почеток, на местата кои ќе останат слободни.
Сите кандидати кои НЕ се рангирани или сакаат да го променат или дополнат изборот на студиските програми или начинот на студирање (државна квота или кофинансирање) имаат можност да се доизјаснат за студиски програми во кои има слободни места и да бидат рангирани на студиска програма која не е целосно пополнета. Новото рангирање ќе биде направено без притоа да се промени редоследот на претходно рангираните кандидати. Промената на изборот на студиската програма или начинот на студирање се прави со пополнување на Изјава за дополнување или промена на избраните студиски програми - која ќе ја најдете на порталот за нови студенти (join.finki.ukim.mk), во делот Документи - Втор уписен рок.
Изјавите за дополнување или промена на избраните студиски програми (запишување на студиска програма на која има слободни места) или менување на изјава за студирање во квота со кофинансирање (ако тоа не е сторено во интерниот пријавен лист) ќе се примаат во службата за студентски прашања на ФИНКИ на 13.09.2017 година, 8-14:30 часот.