Во рамки на редовната студентска пракса обезбедуваме директно учество во развој на деловни апликации кои ги користат следните платформи, технологии, јазици: C# ( .NET платформа), Xamarin (Xamarin.Forms), Delphi, MSSQL Server;

Пожелно е претходно познавање на ASP.NET WebAPI, SQL/Т- SQL (MS SQL Server) и MS Visual Studio како развојна алатка. Искуство со Windows Forms апликации е предност.

Праксата е во времетраење според барањето на факултетот. За време на праксата обезбедено е менторство и работна околина. По завршување на праксата можен е и дополнителен ангажман или вработување на работно место програмер за изработка на апликација која ќе ги користи истите технологии.

Доколку и Вие сакатe Вашата студентска пракса да ја направите во Сигма-СБ испратете Ваше CV и барање за пракса на e-mail со субјект "За студентска пракса" на адреса: praksa@sigmasb.com.mk

1