ФИНКИ и Гете-институт Скопје срдечно ве покануваат да присуствувате на коментирање на видео-игра од страна на Кристијан Хубертс од Германија и Гораст Цветковски од Македонија.
Коментирањето на игра ќе се одржи во склоп на отворањето на изложбата Games and Politics (Игри и политика) каде воедно кратко ќе се обратат и следните говорници:
1. Г-а Тања Кригер- директорка на Гете-институт Скопје
2. Вонр. проф. д-р Иван Чорбев- декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство
3. Проф. Д-р Сузана Лошковска- раководител на Институтот за софтверско инженерство
4. Гораст Цветковски- ко-основач на Македонската асоцијација за развивање игри- МАГДА
5. Доц. Д-р Калина Сотироска Иваноска- доктор на психолошки науки, декан на факултетот за општествени науки на Меѓународниот универзитет Визион
6. Кристијан Хубертс- научник за култура и медиуми од Германија и еден од авторите на каталогот за изложбата
Во склоп на овој настан ќе има организирано разгледување на изложбата и запознавање со изложените видео-игри, кое ќе го води г-дин Хубертс од Берлин.
Повеќе детали околу изложбата може да видите на следниот линк и на настанот на Facebook.