Еден клик ( https://www.sorsix.com/careers ) до иновативност, постојано надоградување и гордост за своите достигнувања!

Сорсикс Интернационал објавува конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат за изведување на пролетна платена пракса за Веб Програмирање во времетраење од 30 денови, а со  можност за продолжување до 90 денови.

Праксата ќе се изведува во канцелариите на Сорсикс Интернационал во Скопје во период помеѓу март и јуни 2018 година.

Во текот на праксата ќе бидете дел од едномесечен менторски курс за веб програмирање под водство на м-р Томче Делев за Angular, Spring, PostgreSQL  и соодветните алатки за работа со кој ќе се стекнете со компетитивни знаења за изработка на комплетни веб решенија. Остатокот од праксата вклучува работа на реален проект како дел од постоечки тим во компанијата.

Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со кратко мотивационо писмо и CV, со назнака „Praksa za Web programming“, на е-маил адресата jobs@sorsix.com, доколку ги исполнуваат следните услови:

  • во студиската 2017/2018 година се студенти на додипломските или последипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство;
  • имаат одлично познавање на англиски јазик;
  • имаат чувство за одговорност и желба за тимска работа;
  • подготвени се посветено да ги извршуваат зададените работни обврски;
  • имаат желба за постојано стручно надоградување.

 

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

1