Код на предмет: 
F18L3S047
Фонд на часови: 
180
Aim of the program: 

Познавањето на основите и техниките на дигиталното процесирање на сигнали е
важно за секој инженер кој работи на апликации каде што има процесирање на
сигнали. Со курсот студентите се воведуваат во теоретските основи дигитално
процесирање на сигнали кои вклучуваат дискретизација, Фуриеова и z –
трансформација. Студентите ќе стекнат и познавања од основните алатки како
што се дигиталните IIR и FIR филтри. Во курсот ќе бидат дадени и основите на
теоријата на управување. Преку бројните примери и вежби студентите ќе научат и
практично да користат готови алатки за процесирање на сигнали.