На 16.03.2018 со почеток во 10 часот во просториите на ФИНКИ ќе се одржи настанот Digi Girlz. Целта на овој настан е да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи. За време на настанот успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработените од Мајкрософт ќе зборуваат со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите. Во прилог може да ја видите и агендата за настанот.

AttachmentSize
PDF icon Агенда533.62 KB
1